Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов пет пари не дава за Скопје и ужива на плажите во Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов пет пари не дава за Скопје и ужива на плажите во Хрватска

Додека Скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии, Шилегов си пишува статуси од плажа во Хрватска, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата предупредуваат дека во моментот главниот град на државата нема водство.

„Шилегов итно да го прекине одморот во Хрватска и да понесе одговорност што Скопјани ги остави на цедило. Лажни се неговите статуси со фалбите за наводната работа, додека пет пари не дава за Скопје на плажите во Ровињ Хрватска. Градот Скопје е потенцијално жариште на големи потенцијални огнени стихии, а Шилегов е на скап одмор, тоа е потценување на скопјани“, се наведува во партиската реакција во која се додава и дека градот во моментот е без кризен штаб што треба да ги превенира и менаџира заканите од пожар.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт