Утрински Весник
Свет

Инцидент над Северното море, британски воени авиони пресретнаа руски против подморнички авиони

Инцидент над Северното море, британски воени авиони пресретнаа руски против подморнички авиони

Британски борбени авиони „тајфун“ пресретнаа руски воени авиони над Северното Море, во близина на воздушниот простор на Велика Британија.

Алармот беше активиран од авионите на Кралската флота (РАФ) од аеродромот Лосимут на северот на Шкотска, објавија британските агенции.

Британските авиони пресретнаа пар руски авиони ТУ-142, како и против подморнички авиони, а од РАФ ја опишаа ситуацијата како од ерата на Студената војна.

Руските авиони беа откриени од НАТО додека минуваа низ воздушната област каде патролира Северноатлантската алијанса.

„Тесно соработувавме со единиците од целата авијација на Кралството со цел да направиме уште едно успешно пресретнување, обезбедувајќи го интегритетот на Велика Британија и НАТО“, изјавил еден од пилотите на британскиот „тајфун“.

„Нашите колеги од НАТО прво не информираа, а потоа Центарот за контрола и известување на РАФ ги пренасочи“, кажал пилотот.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп