Утрински Весник
Македонија

Осомничен за трговија со дрога нападнал и удрил полицајци

Осомничен за трговија со дрога нападнал и удрил полицајци

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1.

На 5 август, осомничениот од Скопје набавил наркотична дрога и се качил во такси возило со кое се упатил кон Гостивар со намера таму да ја препродаде. Во автомобилот дрогата ја држел во ќеса меѓу нозете на совозачкото седиште. Полициски службеници го запреле возилото и при прегледот пронашле 199,6 грама марихуана и 2,37 грама кокаин. При обидот да ја одземат дрогата и да го лишат од слобода, осомничениот дал активен отпор, ги нападнал и удрил двајцата полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди.

Јавниот обвинител со судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Можете да прочитате

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на СВП, Брасинга

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процес