Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник
300x250 opst2

Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник за кое треба да одговара, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев побегна од својот народ кога му е најтешко. Кога Македонија гори, кога се загрозени имоти и животи на граѓани, Заев како премиер и половина влада избегаа на одмор. Срамно и бедно. Заев и министрите се платени од народот да му служат, да ги решаваат нивните проблеми и да им ја гарантираат безбедноста, сопственоста и животот. Заев како премиер е најодговорен и затоа треба да биде во Македонија кога од пожарите се загрозени села и градови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија тоа што власта прогласи кризна состојба, а ги остави како што велат граѓаните да голтаат чад и да се спасуваат како знаат, а во исто време Заев и пола влада да пијат коктели на одмор е кукавичлук.

„Неспособноста е добро позната особина на власта на Заев, ама сега гледаме дека немаат ни срам ни перде. Никој веќе не бара одговори од Заев и неговата власт. Народот бара одговорност“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт