Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ДИК ги утврди поважните рокови и датуми за локалните избори

ДИК ги утврди поважните рокови и датуми за локалните избори
300x250 opst2

Веднаш по добивањето на решението со кое беа распишани локалните избори, Државната изборна комисија на јавна седница попладнево ги утврди поважните рокови за изборните дејствија за изборите закажани за 17 октомври.

Согласно одлуката, листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е заклучно со 11 септември до 24 часот.

Изборната кампања започнува на 27 септември во 00 часот, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октовмри до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето. На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.

Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември и сите листи на кандидати од ист подносител во сите општини ќе имаат согласно Изборниот законик, ист реден број, како што е уредено со закон за да биде поедноставно за гласачите.

На 23 септември, ДИК со претставниците на подносителите на листите ќе организира потпишување на изборниот кодекс за фер и демокартски избори. Собирањето потписи на граѓани за поднесување на листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес