Утрински Весник
Македонија

Џафери ги распиша локалните избори

Џафери ги распиша локалните избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

„Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници. На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала“, посочи Џафери.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија