Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Регулаторната комисија за енергетика се жали на постојани притисоци од Христијан Mицкоски

Регулаторната комисија за енергетика се жали на постојани притисоци од Христијан Mицкоски
300x250 opst2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека ќе ги извести сите соодветни меѓународни институции, меѓу кои и Енергетската заедница, за, како што велат од таму, континуираните притисоци со кои се соочува во последниот период од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со оглед на фактот дека ова поведение на г-динот Мицкоски се повторува преку фокусирани и манипулативни секојдневни изјави и етикетирање на работата на стручните високопрофесионални служби во РКЕ под водство на Марко Бислимоски, приморани сме поради заштита на интегритетот и угледот за оваа состојба да ги информираме меѓународните институции“, се наведува соопштението.

Од Регулаторната  комисија воедно потсетуваат дека поради професионалноста и стручноста трета година по ред се рангирани за број еден регулатор во регионот од страна на Енергетска Заедница.

Мицкоски вчера обвини дека се врши грабеж на граѓаните со одлуката што во вторникот ја донесе РКЕ за зголемување на цените на нафтата и на бензините.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако се споредат одлуките на РКЕ од 3 август и од 26 јули, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, на што се додава и 18 проценти ДДВ.

Од РКЕ ваквите изјави ги оценија како манипулативни.

Можете да прочитате

Скопјанка претепана од поранешниот вонбрачен партнер

Објавата на ИРЛ го раздвижи обвинителството – проширена истрага за ‘Пулс’ во Кочани

Штипскиот градоначалник Јорданов избегал од предизборно ТВ соочување со кандидатот на СДСМ