Утрински Весник
Спорт

Кипјегон без конкуренција на 1.500 метри

Кипјегон без конкуренција на 1.500 метри

Фејт Кипјегон покажа дека нема конкуренција на 1.500 метри. Кенијката славеше во финалето на трката во Токио со време на нов олимписки рекорд, 3:53.11 минути.

Темпото во трката од почетокот го диктира нејзината најголема ривалка, Холанѓанката Сифан Хасан, која во Токио освои злато на 5.000 метри.

Кипјегон без проблем го следеше темпото, а кога почна да финишира на 250 метри до целта, ривалките не можеа да го испратат нејзиниот ритам.

Хасан стана жртва на сопственото темпо, на крајот го освои третото место. Среброто ѝ припадна на искусната Британка Лора Мјур (3:54.50). Ова е новиот рекорд на Велика Бротанија.

> Кипјегон без конкуренција на 1.500 метри <

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула