Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Жена прави склекови во индиска венчаница украсена со накит

(Видео) Жена прави склекови во индиска венчаница украсена со накит
300x250 opst2

Инстаграмерката Ана Арора се занимава со фитнес и во најновото од своите редовни видеа за вежбање го залуде интернетот правејќи склекови во венчаница.

Целосно нашминкана и „подготвена за венчавка“ , Ана Арора ги изненади своите 81,000 следачи на Инстаграм со видео во кое прави склекови во црвена индиска венчаница полна со украсен накит.

Во Индија, овој тип облека се нарекува лехенга и најчесто го носат жените на свадби.

Ана Арора редовно објавува видеа од нејзините вежби бидејќи се занимава со фитнес, диети и е личен тренер. Повеќето веројатно ќе полудат ако треба да вежбаат во оваа облека украсена со целиот накит кој веројатно е тежок. Таа успеа без проблеми.

Видеото наскоро се прошири и на други социјални мрежи.

Сега немате повеќе оправдувања за да не вежбате, коментираат медиуми кои го споделија видеото.

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината