Утрински Весник
Свет

„Не се уби“, тврди девојката на белорускиот активист кој беше пронајден обесен во Киев

„Не се уби“, тврди девојката на белорускиот активист кој беше пронајден обесен во Киев

Девојката на белорускиот активист Виталиј Шишов, кој беше пронајден обесен во Киев, рече дека не верува дека тој се самоубил.

Неговото тело беше пронајдено во паркот во Киев, ден откако Шишов не се врати од трчање.

Полицијата започна истрага за убиството.

„Планиравме да живееме заедно. Не можеше да ме остави вака“, изјави таа додавајќи дека Шишов бил загрижен за неговата безбедност.

Сепак, девојката наведе дека лично таа не ја сфатила сериозно неговата грижа.

“Му реков: Можеби си параноичен, на кого сме му ние интересни. Но, можеби тој имаше претчувство”, рече таа.

Шишов беше шеф на „Белоруската куќа“ во Украина, организација која им помага на луѓето кои избегаа од Белорусија.

Можете да прочитате

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош