Утрински Весник
Македонија

Пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра зенека“ донација од Хрватска

Пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра зенека“ донација од Хрватска

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра зенека“, донација од Република Хрватска.

Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, соопшти Министерството за здравство.

Ова е втора донација на вакцини „Астра зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

„Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против коронавирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност“, велат од здравство.

Можете да прочитате

Дијаспората да гласа онлајн на изборите, предвидуваат измените на Изборниот законик

Филипче: Мицкоски ги чита европските документи со бугарско срце наместо со македонски интерес

Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови