Утрински Весник
Македонија

Австрија испрати конвој од пожарникари и возила

Австрија испрати конвој од пожарникари и возила

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, едно амбулантно возило, две АТВ и девет приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

Можете да прочитате

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

Одземен пасошот на упасениот виш јавен обвинител од Битола

Возач на електричен тротинет повреден во сообраќајка во Кавадарци