Утрински Весник
Магазин

„Круната“ ја најде својата нова принцеза Ана

„Круната“ ја најде својата нова принцеза Ана

Како што растат очекувањата за петтата сезона на популарната серија „Круната“ (The Crown), продукцијата конечно е во тек, што значи дека почннаа да се појавуваат првите фотографии на актерската екипа.

Само неколку дена откако Имелда Стаунтон беше најавена како нова кралица во серијата, фановите беа почестени да ја видат актерката која сега ќе ја глуми принцезата Ана, а тоа е Клаудија Харисон.

45-годишната британска актерка Клаудија Харисон, која претходно глумеше во филмовите The IT Crowd, Humans и Midsomer Murders, ќе ја преземе од Ерин Доерти улогата на постарата принцеза, додека дејствието на историската драма на „Нетфликс“ продолжува во 1990 -тите.

 

Можете да прочитате

Осамените луѓе почесто сонуваат лоши соништа, покажува научно истражување

Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме

Секој четврти Јапонец верува дека вештачката интелигенција ќе може да ги замени пријателите и семејството