Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Фон дер Лаен: Недостасуваат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“

Фон дер Лаен: Недостасуваат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“
Img 7972

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, верува дека Европа е добро подготвена за можна администрација на третата доза од вакцината против коронавирус и посочува дека недостасуваат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“.

„Нарачавме 1,8 милијарди дози од „Фајзер“ до 2023 година. Тоа е најголемата порачка ширум светот и е доволно за спроведување на можна трета доза од вакцинацијата во ЕУ“, објасни таа.
Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа посочи дека овој процес е се уште неизвесен.

„Досега, производителот не можеше да достави доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни Фон дер Лаен, додавајќи дека ова покренува голем број прашања.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е свесна за кампањата на западните земји против руските вакцини од „Ковид-19“ и смета дека истата е неоснована.

„Забележавме неосновани напади на бројни западни земји врз руските вакцини. Во исто време, би сакал да нагласам дека Рускиот фонд за директни инвестиции и експерти од Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеи веднаш дадоа детални одговори на сите конкретни прашања во врска со ова“, рече Лавров во интервју за рускиот весник „Комсомолскаја Правда“.
Претходно, на вебинар за руската надворешна политика на 23 јули, Лавров рече дека Русија е отворена за предлогот на Европската Унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за вакцинација.

Можете да прочитате

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди