Утрински Весник
Економија

Горивата поскапуваат

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,36%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денари за килограм и сега ќе изнесува 37,981 ден/кг.

Од 4.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,981 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија