Утрински Весник
Спорт

Кјелини по новиот договор со Јуве: Дојдов како момче, сега сум дел од семејството

Кјелини по новиот договор со Јуве: Дојдов како момче, сега сум дел од семејството
Dik 300x250 mk

Капитенот на Јувентус и на шампионската италијанска репрезентација, Џорџо Кјелини, конечно, стави потпис на двегодишно продолжување на договорот со „бјанконерите“, по што ја искажа својата животна филозофија: „Живеј во моментот!“.

Кјелини беше слободен агент од 30 јуни, и покрај тоа што ја предводеше Италија до европската титула, но сега со продолжението значи дека по крајот на договорот ќе помине неверојатни 19 години во својот клуб.

„Подобро да не размислувам за тие бројки, бидејќи ме прават да се чувствувам уште постар. Среќен сум, иако ова беше само формалност, има некои чекори во животот кои се многу важни. Пристигнав тука како момче, а сега сум дел од семејството, зрела личност која ужива во секој момент од овие последни активни години. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да освои нови титули, што секогаш е најважно во Јувентус. Мојот однос со клубот е над сите работи. Немав сомнеж дека ќе останам тука. Живеј во моментов, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Кјелини.

> Кјелини по новиот договор со Јуве: Дојдов како момче, сега сум дел од семејството <

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации