Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од Брвеница заради незаконско емитување на авторски содржини

Приведени две лица од Брвеница заради незаконско емитување на авторски содржини

Денеска во 13.45 часот во с.Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведени се две лица од село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “повреда на авторско право и сродни права”.

Според информациите, се работи за С.М.(55) и Б.М.(26), и двајцата од с.Брвеница.

При претрес извршен во домот на С.М (55) пронајдени се и одземени се 6 лап-топ компјутери, 7 боксови за ИП компјутери, два персонални комјутери, 31 УСБ, 3 боксови Амазон и список за клиенти. По документирање случајот против нив ќе биде поднесен поднесок во врска со член 157 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ОЈО се жали на пресудата за Груевски за Талир 2

Филипче: Бараме итна истрага за нападот на децата во Ново Село од страна на ВМРО

Правилата не се пречка – тие се пат до успешна држава