Утрински Весник
Македонија

Делегации од Кабинетот на Пендаровски присуствуваа на свеченото одбележување на Илинден во Скопје, Пелинце и Смилево

Делегации од Кабинетот на Пендаровски присуствуваа на свеченото одбележување на Илинден во Скопје, Пелинце и Смилево

Делегации од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски присуствуваа на свеченото одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и Смилево.

Во Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието.

Во рамки на чествувањето на Илинден – Денот на Републиката, во Пелинце делегација од Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.

Делегација од Кабинетот на Претседателот денеска присуствуваше и на традиционалната илинденска прослава во спомен-паркот „Даме Груев“ во Смилево и положи свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев, а во рамки на чествувањето свежо цвеќе беше положено и на Могилата на Даме Груев, на Споменикот на смилевските илинденци и на Спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење