Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на вакцините за ЕУ

„Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на вакцините за ЕУ

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини против Ковид-19 во најновите договори склучени со Европската унија, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Новата цена за вакцината на „Фајзер“ е 19,50 евра, наспроти 15,50 евра како што беше порано, објави весникот, повикувајќи се на деловите од договорот во кои има увид, објави „Ројтерс“.

Цената на вакцината на „Модерна“ е 25,50 долари по доза, според договорите во однос на 19 евра во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари, бидејќи нарачката е зголемена, се вели во извештајот, кој се повикува на службено лице кое е запознато со деловите од договорот.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година