Утрински Весник
Спорт

Американката Кинг удри по руските пливачи: Тие не треба да се на Олимпијада

Американката Кинг удри по руските пливачи: Тие не треба да се на Олимпијада

Војната на зборови помеѓу американските и руските пливачки продолжи и по последниот ден во базенот во Токио, откако американската пливачка Лили Кинг јасно порача дека руските пливачи не требало да добијат дозвола за настап на Олимпијадата.

Ова е продолжување на расправијата помеѓу Американците и Русите, откако претходно во петокот Рајан Марфи, разочаран од двата порази во трките во грбно од Русинот Евгениј Рилов, изјави дека олимписките трки не се „чисти“.

Претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОЦ), Станислав Поздњаков изјави дека медалите на Русите се најдобар одговор на американските „провокации“.

„Критичарите сметаат дека нашите пливачи не можат да се натпреваруваат без допинг, но во Токио го докажавме спротивното, не со зборови, туку со дела“, изјави Поздњаков.

Кинг, која освои две сребра и една бронза на Олимпијадата, вели дека Русите морале да бидат исклучени од Олимпијадата.

„Има многу луѓе кои се тука, а не треба да бидат тука. Јас не се тркав со никого од земја која требаше да биде суспендирана поради допинг, а наместо тоа доби само предупредување и ребрендирање на националното знаме. Лично не влијаеше на мене, но на пример Рајан загуби злато поради тоа“, вели Кинг.

> Американката Кинг удри по руските пливачи: Тие не треба да се на Олимпијада <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ