Спектакуларен натпревар, во четврт-финалето на фудбалскиот турнир, одиграа олимписките репрезентации на Шпанија и Брегот на Слоновата коска. Шпанците славеа по продолженијата со 5:2. Шпански херој е Рафа Мир, кој постигна гол во 92.минута, со кој „црвената фурија“ обезбеди продолженија, а потоа со два гола ја запечати победата на својата репрезентација.
Брегот на Слоновата коска, преку Ерик Баи, дојдоа до предност во 10.минута. Дани Олмо израмни на 1:1 во 30.минута.
Овој резулатат беше активен до 90.минута, кога Градел постигна гол за нова предност на „Слоновите“.
Сепак играчите на африканската селекција не успеаја да издржат. Само што влезе во игра, Рафа Мир, ја искористи конфузијата во одбраната на противниците и успеа да израмни.
Во дополнителните 30 минути, Ојерзабал постигна гол за 3:2 во 98.минута, а потоа Мир со два гола го комплетираше хет-трикот.
> Драматична победа на Шпанија – Рафа Мир ја однесе „црвената фурија“ во четврт-финалето <