Трејдот на Расел Вестбрук во Лос Анџелес Лејкерс и понатаму е тема во НБА круговите, во САД. Еден од најдобрите бекови во лигата, по една сезона ги напушти Вашингтон Визардс. За Вестбрук, Визардс ги добија Кајл Кузма, Кентавијус Колдвел-Поуп, Мотрезел Херел и 22.пик од вчерашниот драфт, Ајзеа Џексон.
Трејдот, иако беше завршен вчера, а ќе биде официјализиран на 6.август, бил договорен уште пред две недели во домот на Леброн Џејмс.
Покрај Џејмс и Вестбрук, на „состанокот“ присуствувал и Ентони Дејвис.
Според американските медиуми, Вестбрук, рекол дека има желба да се врати во родниот град и конечно да ја освои НБА титулата.
Џејмс и Дејвис му ветиле дека ќе играат на позициите 4 и 5 (крилен-центар и центар) за да може Вестбрук побргу да се вклопи во тимот.
Расел Вестбрук (32) од 2008 година во НБА лигата играл за Оклахома сити Тандер, Хјустон Рокитс и Вашингтон Визардс.
Во 2017 година беше прогласен за МВП.
Минатата сезона ја заврши со трипл-дабл просек од 22,2 поени, 11,5 скокови и 11,7 асистенции.
> Трејдот на Вестбрук во Лејкерси бил договорен во домот на Леброн Џејмс <