Утрински Весник
Свет

Пукање во Берлин, четири лица се ранети, напаѓачот е во бегство

Пукање во Берлин, четири лица се ранети, напаѓачот е во бегство

Четири лица се повредени во пукање што се случи на паркинг во областа Вединг, во Берлин.

Како што беше објавено, полицијата е на терен, како и пожарникарите, а причините за пукањето засега не се познати.

Неофицијално, пукањето се случило на паркинг од една продавница.

Претставници на противпожарната служба велат дека во инцидентот се повредени тројца мажи и една жена и на сите четворица им е укажана лекарска помош на самото место пред да бидат префрлени во болница.

Сторителот е во бегство, се додава во извештајот.

Во него уште се наведува дека едно лице е прободено со нож, друго добило рана од куршум, а третото повреда на главата во тепачка на паркингот.

Останува непознат степенот на повредата кај четвртото лице, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат