Утрински Весник
Спорт

Барселона побара „репрограмирање“ на платите на фудбалерите

Барселона побара „репрограмирање“ на платите на фудбалерите
Img 5587

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е подготвен да направи се што е потребно да ги воведе финансиите во каталонскиот гигант на вистински пат, по што од дел од фудбалерите побарал „репограмирање“ на нивните плати за клубот да ги исполни барањата на Ла лига за лиценцирање на играчи.

Жерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто се четирите фудбалери за кои се смета дека имаат „превисоки“ плати, посебно во ситуација на економска криза, и Барселона сака да им ги скрати платите со ветување за продолжување на договорот.

Ss1

Сепак, според „Марка“, одредени фудбалери одбиваат да ги намалат своите плати, посебно бидејќи вината воопшто не е кај нив. Се верува дека Барселона се обидува да ги продаде Самуел Умтити, Миралем Пјаниќ и Антоан Гризман што е можно побргу.

Барселона уште ги нема регистрирано своите четири нови засилувања ова лето (од кои три дојдоа со слободни трансфери), а нема продолжување на договорот ниту на Лионел Меси, кој чека Лапорта да ја среди „мешаницата“ за да се врати во Каталонија.

> Барселона побара „репрограмирање“ на платите на фудбалерите <

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари