Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Плажите се прочистени од дивоградбите, стопирано е извитоперувањето на природното наследство

(Видео) Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Плажите се  прочистени од дивоградбите,  стопирано е извитоперувањето на природното наследство
Ss2

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот повика на одговорно однесување од сите во државата кон Охрид како природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 44-та сесија во Фуџи, Кина, донесе одлука природното и културно наследство на Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

„Сите институции, посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме со усул, водејќи грижа за ова богатство, кое е првиот тригер за привлекување на туристите во Охрид и во Струга. Ја имаме одговорноста сите да продолжиме по тој пат“, повика Заев.

Ss1

Заев, укажа дека оваа одлука не значи дека работата е завршена, иако, како што рече, таа значи верификација за тоа што е направено во последните неколку години, со оглед дека извештаите од 2014, 2016, 2017, кои биле правени со мониторинг мисии јасно укажуваат на девастацијата наназад, а во последните години исто укажуваат на сѐ што e постигнато.

„Успех е донесувањето на планот за управување со охридското крајбрежје, изградбата на колекторот и продолжување на доизградбата на канализационите притоки, пречистителните станици, конечно влегување во клинч со расчистување на плажите што не е благопријатен процес, но е со цел унифицирање и враќање на плажите онака како што УНЕСКО тоа го предвидува и дозволува, на начин на којшто ќе се договорат општинските власти, државните институции и граѓаните. Денес плажите се целосно прочистени од дивоградбите, од бетоните, од железата, сето тоа кое што беше констатирано во извештаите од одземањето на парцелите на МПЦ-ОА заради мегаломанството на Субрата Рој поддржано од тогашните власти, до носењето морски песок на крајбрежјето на Охридското езеро и целосно извитоперување на природното наследство, уништувањето на културната традиција и наследство и во делот на 365 цркви, џамии и сите верски објекти, што се меѓу причините за негативните извештаи“, посочи Заев.

Потенцира дека Владата останува цврсто посветена на зачувување на статусот светско наследство, за природното и културно наследство на Охридскиот регион.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години