Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средба со Грвала-Шварц: Реафирмирана поддршката на дијалогот меѓу Косово и Србија

Пендаровски на средба со Грвала-Шварц: Реафирмирана поддршката на дијалогот меѓу Косово и Србија
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.

На средбата, како што информираат од неговиот кабинет било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични, засновани на меѓусебно почитување. Притоа, соговорниците го реафирмирале интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската, давајќи ја и поддршката за агендата на активностите меѓу владите на двете држави во наредниот период.

Покрај ова, двајцата соговорници разговарале за актуелностите во регионот, соработката и евроинтеграциите, при што било констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски ја реафирмирал поддршката во однос на дијалогот помеѓу Косово и Србија, подвлекувајќи дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон јакнење на регионалната стабилност и безбедност.

На средбата биле разменети информации и мислења за ширењето на делта-сојот на Ковид-19 вирусот, темпото на вакцинација на граѓаните, како и справувањето со последиците од пандемијата во двете земји.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното