Утрински Весник
Македонија

Се решава долгогодишен проблем со доградбата на училиштето во Хром

Img 20210730 wa0000 1024x682

По само три и пол месеци градежни активности, доградбата на подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром влегува во завршна фаза.

Изградени се седум училници, два кабинети за наставниците, шест тоалети од кои две ќе бидат наменети за децата со посебни потреби, а ова училиште ќе биде едно од ретките училишта каде ќе поставен и лифт кој овозможува вертикална пристапност.

Како што информираат од општина Ѓорче Петров целосно ќе се промени и енергенсот на загревање, односно од екстра лесно масло за горење, училиштето ќе се загрева преку топлинска енергија од системот на топлификација.

Доградбата на овој објект започна во март оваа година како инвестиција на Министерството за образование откако општина Ѓорче Петров ги среди проблемите со земјиштето и ги донесе сите потребни документи.

Подрачното училиште во Хром со години беше во недостиг од доволно простор за учениците, па со оваа инвестиција се решава еден долгогодишен проблем на учениците и жителите од оваа скопска населба.

Можете да прочитате

ДУИ: Алармантно – Албанците систематски се исклучуваат од институциите

До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“