Утрински Весник
Свет
Img 7972

Забава во Хрватска предизвика проблеми во Австрија – постојано расте бројот на заразени повратници

Забава во Хрватска предизвика проблеми во Австрија – постојано расте бројот на заразени повратници
300x250 opst2

Стравувањата на австриските власти се остварија, бидејќи кластерот на заразени од корона кои се земјата се вратиле по масовна забава на хрватскиот остров Паг, постојано расте.

Во моментов, регистрирани се 215 заразени лица, кои се распространети низ сите девет австриски покраини.

Инаку, на фестивалот со назив „Austria goes Zrce“ на островот Паг, односно на забавата на плажа, каде што очигледно дошло до ширење на вирусот имало 2.500 посетители.

Австриските власти претпоставуваат дека бројот на заразени лица е далеку поголем од моментално познатите случаи.

Поради овој мега кластер, австриските власти размислуваат за воведување на задолжително тестирање при враќање во земјата.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот