Утрински Весник
Економија

Промовиран Мечинг фонд од 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

Промовиран Мечинг фонд од 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

Премиерот, Зоран Заев, денеска го промовираше Мечинг Фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, за поддршка за формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.

Денеска беше потпишан и Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во Општина Шуто Оризари“, кој е финансиски подржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи во рамките на Фондациjaта отворено општество – Берлин.

На промоцијата на фондот и на потпишувањето на меморандумот, на која учествуваа и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество Алекс Сорос, Заев истакна дека со овие проекти Владата ја потврдува својата заложба за поттикнување на потенцијалот за претприемништвото на ромската заедница и социјално-здравствените политики за поддршка на ранливите заедници.

„Со Мечинг фондот, првично вреден 153,5 милиони денари, создаваме услови за едноставно достапни и поволни наменски средства за да го поттикнат развојот на претприемништвото во ромската заедница и за полесен премин во регистрирана дејност, егзистирање, но и унапредување и проширување на бизнисот. Нашите очекувања се дека некаде околу 50 – 100 невработени лица и регистрирани субјекти годишно, управувани од Роми преку овие мерки ќе имаат пристапни и поволни услови до финансиски средства за формализација, реализирање на бизнис идеи, самовработување и унапредување на бизнисот“, истакна Заев.

Со вториот Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“  обезбедена е набавката на амбулантно возило за итна помош за користење од страна на Поликлиниката во Шуто Оризари.

Другиот дел од средствата ќе се наменат за обезбедување на работен ангажман во период од 24 месеци на две лица Роми кои што ќе бидат ангажирани во рамките на здравствен дом Скопје за потребите на Поликлиниката во Шуто Оризари и за функционирање на амбулантното возило за итна помош.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија