Утрински Весник
Свет

Властите испраќаат војска на улиците во Сиднеј за контрола на „локдаунот“

Властите испраќаат војска на улиците во Сиднеј за контрола на „локдаунот“

Австралиските власти испратија стотици војници во Сиднеј да помогнат во спроведувањето на заклучувањето воведено поради ширењето на вирусот, пишува Би-би-си.

Војниците ќе поминат обука за време на викендот, пред да започнат со невооружени патроли во понеделник.

Многумина се прашуваат дали е неопходна ваква воена интервенција.

Заклучувањето, кое ќе биде на сила најмалку до 28 август, им забранува на луѓето да го напуштат својот дом, освен во посебни случаи.

И покрај заклучувањето, кое веќе трае пет недели, заразата продолжува да се шири во Сиднеј. Денес се пријавени 170 нови случаи.

Војниците ќе и се придружат на полицијата во жариштата на вирусот за да осигураат дека луѓето ги почитуваат правилата, кои вклучуваат и ограничување на патувањата од 10 километри.

Австралиските правници сметаат дека употребата на армијата во либерална демократија е загрижувачка.

Епидемијата тешко ги погоди работниците и сиромашните предградија.

Критичарите велат дека областите веќе се соочиле со полициски мерки и посочуваат дека овие ограничувања се построги отколку во остатокот од Сиднеј.

„Нашиот луѓе се една од најсиромашните демографски категории и веќе и онака се чувствуваат маргинализирани“, рече Стив Христу, еден од локалните лидери.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија