Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Бразил падна снег

(Видео) Во Бразил падна снег

Во Бразил деновиве има значителен пад на температурите, а вчера падна и снег.

Автомобилите, улиците и автопатите се покриени со снег и мраз.

„Имам 62 години и никогаш не сум видел снег. Гледањето на убавината на природата е нешто што не може да се опише“, изјави возачот на камион Гонкалвес Маркес во градот Камбара до Сул за ТВ Глобо.

Повеќе од 40 градови во државата Рио Гранде до Сул се под мраз, а снег падна во најмалку 33 општини, објави метеоролошката компанија Сомар Метеорологија.

Невообичаено студеното време во Бразил веќе успеа да ги зголеми меѓународните цени на кафето и шеќерот, а денес е најстудениот ден во годината, пишува „Ројтерс“.

 

Можете да прочитате

Хезболах ги отфрли преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфунот, се затвораат училишта и фабрики