Утрински Весник
Свет

На Харви Вајнстин му се заканува казна од 140 години затвор

На Харви Вајнстин му се заканува казна од 140 години затвор

Судот во Лос Анџелес не го прифати предлогот да се отфрлат две обвиненија за силување против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, додека обвинителите го сменија третото, кое исто така беше оспорено, како сексуален напад.

Судија во Лос Анџелес пресуди против Вајнстин по две точки за силување, а обвинителите подоцна го сменија и го вратија обвинението за сексуален напад по една точка, покажуваат судските документи, a пренесува „Ројтерс“.

Вајнстин (69), кој беше осуден за силување на судењето во Њујорк минатата година, се соочува со вкупно 11 нови обвиненија од пет жени на подрачјето на Калифорнија, во периодот од 2004 до 2013 година.

Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд би можел да добие казна затвор од 140 години доколку биде осуден по сите 11 точки од обвинението, а датумот на судењето сè уште не е утврден.

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин се изјасни како невин пред судот во Лос Анџелес по четири точки од обвинението за силување и седум други точки за сексуален напад.

Вајнстин беше екстрадиран во Калифорнија од Њујорк, каде што претходно беше осуден на 23 години затвор за сексуална злоупотреба и силување.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата