Утрински Весник
Спорт

Хачанов ќе се бори за златото на тенискиот турнир во Токио

Хачанов ќе се бори за златото на тенискиот турнир во Токио

Карен Хачанов е првиот финалист на тенискиот турнир во Токио. Во полу-финалето, Хачанов го победи Пабло Карењо-Буста од Шпанија со 2:0 (6/3,6/3). Мечот траеше 80 минути.

Хачанов доминираше против Шпанецот, беше многу поагресивен и направи помалку грешки. Рускиот тенисер имаше 10 ас сервиси и освои 92 отсто од поените кога успеваше да го погоди првиот сервис.

Во двата сета направи по еден брејк што му беше доволно за победа.

Противник во финалето на Хачанов ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

> Хачанов ќе се бори за златото на тенискиот турнир во Токио <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ