Во рамките на годинешната богата фестивалска програма на 61. Интернационален фестивал „Охридско лето“ ќе учествуваат петстотини врвни и афирмирани уметници од осумнаесет земји од светот меѓу кои и Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак.
Фестивалот оваа година нуди атрактивна и квалитетна драмската програма, од домашната и странската продукција.
Отворањето на фестивалот беше на 12 јули и ќе трае до 20 август, а уникатната комуникациска современа музичка драма „Само глас“, која изобилува со многу страст, емоции и енергичност ќе се одигра во Долни Сарај на 6 август со почеток во 21 часот.
„Само глас“ својата праизведба ја доживеа на 26 мај оваа година.
Ова за претставата е второ фестивалско претставување, а охридската публика и љубителите на театарската уметност годинава ќе имаат прилика да уживаат во квалитетната театарска игра на првенците од ансамблот на МНТ — Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.
Текстот МНТ со претставата „Само глас“ ќе гостува на „Охридско лето“ е превземен од МАКФАКС.