Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници избодени со нож во Чаир

Двајца малолетници избодени со нож во Чаир

Двајца малолетници со убодни рани од нож вчера биле примени во поранешната градска болница во Скопје.

Според информациите на МВР, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.

Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Алијансата за Албанците: Да го искористиме европскиот момент, да ја одблокираме иднината на земјата

Состанок на Министерството за односи меѓу заедниците и експерти за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Еко-активисти или анархисти?! Борците против рудници во мафијашки стил се ставија над државата