Утрински Весник
Македонија

Ресенец загина во сообраќајна несреќа, со автомобил излетал од патот

Ресенец загина во сообраќајна несреќа, со автомобил излетал од патот

Четириесет и шестгодишен ресенец загина во сообраќајна несреќа кога со автомобил излетал од патот.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, после клучката за с.Горно Дупени, когавозило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО