Утрински Весник
Магазин

Франшизата „Предатор“ добива ново продолжение

Франшизата „Предатор“ добива ново продолжение

Снимањето на новиот филм од серијалот „Предатор“, насловен Skull„Череп“, е речиси завршено

Филмот, во режија на Ден Трахтенберг (10 Cloverfield Lane), е изворна приказна за првото патување на предаторот на оваа планета и ќе може да се пофали со хероина.

Во интервју за „Колидер“, продуцентите Џон Дејвис и Џон Фокс споделија дека новиот филм ќе го надополни првиот „Предатор“ и ќе има тон сличен на The Revenant.

„Се враќа назад кон она што добро функционираше во оригиналниот филм. Тоа е генијалноста на човечко суштество кое не се откажува, кое може да набљудува и толкува, и кое може да победи помоќна, добро вооружена сила “, објасни Дејвис.

Можете да прочитате

Од ластик и плочка на улица до модерни игротеки – како се менува детството низ генерациите

Најтешките знаци за соживот – живеењето со нив е постојана борба

Почина Доли Партон – 24info.mk