Утрински Весник
Спорт

Германската џудистка го бранеше тренерот кој ја „шамараше“

Германската џудистка го бранеше тренерот кој ја „шамараше“

Германската џудистка Мартина Трајдос го бранеше својот тренер Клаудиу Пуса, кој ја тресеше и ја удираше по лицето пред нејзиниот меч на Олимпијадата во Токио.

Необичната случка се случи пред мечот на Трајдос со Унгарката Софи Озбас од 1/16 финалето во категоријата до 63 килограми во вторникот, по што тренерот доби официјално предупредување за своето однесување. 32-годишната Трајдос, која беше европска шампионка во 2015 година, загуби во мечот, но на Инстаграм го бранеше однесувањето на тренерот.

„Изгледа тоа не беше доволно. Би сакала денеска да сум на насловните поради златото, но ова е само вообичаен ритуал кој сама го бирам пред натпреварувањето. Мојот тренер го прави само тоа што го сакам јас да се загреам. Потребно ми е да бидам будна“, напиша Трајдос.

View this post on Instagram

A post shared by Martyna Trajdos (@martyna_trajdos)

> Германската џудистка го бранеше тренерот кој ја „шамараше“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина