Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Стартува меѓународниот мониторинг на случаите на организиран криминал и висока корупција

Маричиќ: Стартува меѓународниот мониторинг на случаите на организиран криминал и висока корупција

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на настанот за одбележување на активностите за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција, регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава.

„Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава“, рече Маричиќ.

Според него, фактот што ние сме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарантни судски процеси.

Во своето излагање министерот за правда, пред првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјата, се осврна и на важноста и придобивките од заедничката соработката, посочувајќи го проектот за мониторинг како значаен исчекор напред во борбата против корупцијата, којашто бара силна поддршка и вклученост на сите засегнати страни.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи