Утрински Весник
Свет

Зеленски смени голем дел од генералите, во најава и смена на министерот за одбрана

Зеленски смени голем дел од генералите, во најава и смена на министерот за одбрана

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, направи голема чистка меѓу генералите, а ќе го замени и министерот за одбрана, пренесуваат агенциите.

Сегашниот командант на вооружените сили на Украина, Руслан Хомчук, мораше да ја предаде функцијата на генерал -мајор Валери Залужни (48), кој досега беше командант на оперативната група „Север“.

Претседателската администрација објасни дека причината за смената на генералот Руслан Хомчук е неговиот конфликт со луѓето во Министерството за одбрана на Украина, што се рефлектираше во ситуацијата со армијата. Интересно е што Зеленски требаше да објасни дека не се сомнева во патриотизмот и професионалноста на генералот Руслан Хомчук, но тој сака добро да соработуваат военото раководство и Министерството за одбрана, анализираат тамошните медиуми.

Хомчук е на највисока воена должност од март 2020 година, а дотогаш беше началник на Генералштабот на Украина. Во иднина, Хомчук ќе биде првиот заменик-секретар на Советот за безбедност и одбрана и ќе го замени Михаил Ковал.

Веќе е објавено дека ќе биде сменет и министерот за одбрана, Андреј Таранов. На 23 јули беше сменет шефот на службата за надворешно разузнавање, Валериј Кондратјук, а на негово место беше назначен Александар Ваjeреевиќ Литвиненко, кој досега беше директор на Националниот институт за стратешки истражувања.

Деновиве беа сменети и заменик-шефот на Службата за безбедност на Украина, Руслан Баранечки и шефот на Дирекцијата за внатрешна безбедност на Службата за безбедност, Андреј Наумов. Причината за нивното отпуштање не е тајна, Зеленски беше незадоволен поради слабата ефикасност на Службата за безбедност на Украина во борбата против шверцот, т.е. нелегалниот увоз на стоки.

Инаку, според напишаните извештаи, Службата за безбедност на Украина очекува реформа, на која инсистира Вашингтон.

Можете да прочитате

Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград

Американците потрошиле околу 11 милијарди долари во онлајн купувања за „Црниот петок“

Украинците масовно бегаат од армијата во клучните моменти од војната со Русија, пренесе АП