Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и многу топло, од средината на неделата со температури и до над 40 степени

Утре сончево и многу топло, од средината на неделата со температури и до над 40 степени

Утре според најавите од УХМР се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Можете да прочитате

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Што мора да следи по конгресниот говор на Мицкоски?

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување