Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Емили Ратајковски одмара во Италија со сопругот и синчето

Емили Ратајковски одмара во Италија со сопругот и синчето
Img 7972

Емили Ратајковски сподели низа фотографии од нејзиното патување по крајбрежјето на Амалфи, популарна и романтична дестинација во јужна Италија.

Моделот и актерка (30) одморот го поминува на Сорентскиот полуостров со сопругот Себастијан Бер Меклард (34) и нивниот четиримесечен син Силвестер.

Атрактивната бринета во саботата го впиваше сонцето во Позитано, еден од најубавите градови на брегот на Амалфи.

А во саботата, го покажа своето тонирано тело во танга-бикини. ‘Inamoratawoman’, напиша Емили во објавата, посочувајќи дека костимот за капење е од сопствената модна линија „Инамората“.

Озарената Емили позира и со Силвестер во објавата што ја наслови „Пиколино“.

Брегот Амалфи, познат и како брегот на лимоните, се протега на јужната страна на Сорентскиот полуостров и е едно од најпосакуваните летни дестинации во Европа.

Можете да прочитате

Зошто нашите зглобови болат кога се менува времето? Што вели науката?

Се најавува голема добивка: 3 хороскопски знака ќе уживаат во финансиски придобивки до 23 октомври

Овие овошја се клучот за одмор на вашите црева во организмот