Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Војската го обиколи и блокира парламентот во Тунис

Војската го обиколи и блокира парламентот во Тунис
Img 7972

Откако тунискиот претседател ја прекина работата на парламентот и го разреши од должноста премиерот, по насилните протести предизвикани од наглиот пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот и лошата економска состојба, припадниците на туниската армија ја опколија зградата на парламентот и го спречија претседателот да влезе.

Демонстрантите, кои претходно се судрија со полицијата, ја поздравија одлуката на претседателот Каис Сајед, извикувајќи го неговото име и веејќи државни знамиња, но критичарите го обвинуваат за преземање на власта и загрозување на кревката демократија во Тунис.

Сајед го укина имунитетот на сите членови на парламентот и најави дека наскоро ќе назначи нов премиер, со цел да се врати социјалниот мир во земјата.

Тој употреби посебна уставна мерка што му овозможува да ја преземе извршната власт и да ја замрзне работата на парламентот на неопределено време додека не се овозможи повторно нормалното работење на институциите.

„Ја донесовме оваа одлука, која ќе биде на сила сè додека социјалниот мир не се врати во Тунис и додека не ја спасиме земјата“, рече Сајед во телевизиското обраќање.

Економијата во Тунис е во криза со години, а земјата неодамна повторно воведе блокада поради сериозното ширење на вирусот.

 

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија