Утрински Весник
Свет

Земјотрес на Крит – се тресеа прозорците и распукаа ѕидови на куќите

Земјотрес на Крит – се тресеа прозорците и распукаа ѕидови на куќите

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, предизвикувајќи материјална штета главно на стари куќи, пренесува „Катимарини“.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 4,5 километри.

Според извештаите на локалните медиуми, земјотресот ги стресе прозорците и предизвика пукнатини на ѕидовите на куќите.

Следуваа неколку потреси.

Претседателот на Организацијата за планирање и заштита на земјотресите, Ефтимиос Лекас, рече дека овој земјотрес не треба да предизвикува посебна загриженост бидејќи ваквите размери се нормални во тој регион.

Можете да прочитате

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“

Руски војници масовно се предаваат по акцијата „Вивалди“ на украинската армија