Попладнево, по средно-европско време, во Токио свечено беа отворени 33.Олимписки игри. Игрите ќе се одржат без присуство на публика, бидејќи бројот на заразени со коронавирусот во Јапонија секојдневно расте.
Церемонијата на свеченото отворање ја проследија само 950 ВИП-гости. Спортистите дефилираа пред празните трибини. Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нарухито.
Јапонците се погрижија, гледачите пред ТВ-екраните, да добијат вистински спектакл. Особено воодушеви перформансот со дронови.
> Спектакуларен перформанс со дронови на отворањето на ОИ <