Утрински Весник
Спорт

Поранешен европски првак поради не смее да настапи на ОИ

Поранешен европски првак поради не смее да настапи на ОИ

Поранешниот европски шампион, во дисциплината 400 метри со пречки, Карим Хусеин, нема да учествува на Олимписките игри. Светската анти-допинг агенција (ВАДА), поради користење на допинг, непосредно пред официјалното отворање на ОИ, му изрече девет месечна суспензија.

Карим Хусеин (32), пред еден месец бил позитивен на допинг тестот.

„Мојот сон за ОИ во Токио е завршен. Суспендиран сум на девет месеци. Направив фатална грешка, жалам“, напишал Хусеин на Твитер.

Не е познато кој ќе го замени европскиот првак од 2014 година во швајцарскиот тим.

> Поранешен европски првак поради не смее да настапи на ОИ <

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024