Утрински Весник
Македонија

МЗ: Вчера се вакцинирани рекордни 19.274 граѓани

МЗ: Вчера се вакцинирани рекордни 19.274 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале рекордни 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани.

Со последните бројки 62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 59% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 54% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 44% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!