Утрински Весник
Свет

САД извршија воздушни напади врз талибанците во Авганистан

САД извршија воздушни напади врз талибанците во Авганистан

САД извршија воздушни напади во Авганистан за поддршка на владините сили кои се под притисок на талибанците во време кога странските сили, преведени од Америка, ја спроведуваат последната фаза од нивното повлекување од таа земја, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, за новинарите изјави дека воздушните напади биле извршени за поддршка на авганистанските безбедносни сили во последните неколку дена, но не изнесе дополнителни детали.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави дека нападите биле извршени во средата вечерта на периферијата на градот Кандахар на југот на земјата и дека тројца нивни борци биле убиени, а две возила биле уништени.

„Ние ги потврдуваме овие воздушни напади и силно ги осудуваме бидејќи тоа е очигледен напад и кршење на договорот од Доха бидејќи тие не може да имаат операции по мај“, рече Муџахид осврнувајќи се на договорот меѓу САД и талибанците, кој го отвори патот за повлекување на американските сили.

„Ако извршат каква било друга операција, тогаш тие ќе бидат одговорни за последиците“, предупреди портпаролот на талибанците. Речиси сите американски трупи, освен оние што ја штитат Амбасадата во Кабул и аеродромот во главниот град, ја напуштија земјата.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година