Утрински Весник
Македонија

Уште два локали во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на гласноста

Уште два локали во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на гласноста

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар.

„По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23 часот, а уште два локали, Гнездо и Интермецо, добија решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. По добивањето на ршенијата, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по нив“, соопштија од Општина Центар.

Изминатата седмица општинските инспектори издадоа две решенија за преземање на мерки за намалување на бучавата на Мош и Макка, а Општината најави дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови, во сите делови од општината.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени

ЕУ без право на глас: Стратешка можност или политички ризик за Македонија?