Утрински Весник
Македонија

Се отстранува летната тераса на кафе-бар во Центар

Се отстранува летната тераса на кафе-бар во Центар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По налог на Општина Центар и врз основа на Решението од 20 мај, започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“.

По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано било дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици.

„Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата